Каско
Целосна заштита за твоето возило.
Потполно каско осигурување
Со потполно каско осигурување обезбедувате покритие на сопственото моторно возило без да се грижите кој е причинител на штетата. За разлика од осигурувањето од автомобилска одговорност, каско осигурувањето не е задолжително — што значи дека осигуреникот може доброволно да ја склучи полисата со намера моторното возило да го заштити од најразлични оштетувања.
Основни ризици
Каско осигурувањето овозможува осигурително покритие од: сообраќајна незгода, превртување, судар, удар, лизгање, паѓање или удар со предмет, пожар, надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки и обест на трети лица, оштетување на тапацир, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица, поплава, порој и високи води.
Дополнителни ризици
Покрај основните ризици дополнително може да ги осигурате возачот и патниците од последици на несреќен случај — незгода, како и дополнителната опрема и багажот.
Обезбедете каско осигурување за вашето возило со или без ваше учество (франшиза) во евентуалните штетни настани.
Како да постапите во случај на штетен настан?
Во случај на штетен настан потребно е истата да ја пријавите во осигурителната компанија каде ќе бидете информирани за понатамошната постапка.
Горенаведеното претставува општо објаснување на производите. Конкретните покритија, услови и исклучоци зависат од условите на секоја осигурителна компанија засебно.
Заинтересиран/а за каско?
Побарај понуда и добиј ги најдобрите цени од повеќе компании — бесплатно и без обврска.
