Домаќинско

Заштити го твојот дом од непогоди.

Осигурување на домаќинство

Местото во кое градиме иднина и продуцираме спомени е нашиот ДОМ. Нашиот дом е инвестиција која за да ја создадеме потребни ни се средства, време и енергија.

Обезбедете го вашиот дом и вредностите во него со полиса за домаќинско осигурување. Предмети на осигурување со полисата за осигурување се градежниот објект-стан/куќа, предмети на домаќинството — покуќнината, хартии од вредност, готовина, уметнички предмети, скапоцености, лични исправи, документи како и можност за осигурување на сончеви колектори и сателитски антени.

Со доплата за некој од пакетите за осигурување на домаќинството, можете да ги осигурате домот и предметите во домаќинството од штети предизвикани од ризикот земјотрес.

Осигурување од пожар и други опасности

Пожар предизвикан од инсталација или поплава од водоводна и канализациона инсталација се немили настани кои можат да предизвикаат оштетувања на имотот и стварите во огромни размери. Штетата која ќе ја претрпите најлесно и најбрзо може да ја покриете доколку поседувате полиса за осигурување од пожар и некои други опасности.

Предмет на осигурување може да бидат недвижности и подвижни предмети: градежни објекти, куќи, станови, викендици, канцеларии или други деловни објекти, фабрики, опрема, вградена механичка опрема и вградени инсталации, машини, мебел, инсталации, пари, резерви од стока и други предмети.

Основни ризици: пожар и удар од гром, експлозија, силен ветер, град, луња, излевање од водоводна, топлотна и канализациска инсталација, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, удар со сопствено моторно возило во осигуран објект.

Дополнителни ризици: поплава, порои и високи води, лизгање и одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина, земјотрес, удар од непознато моторно возило во осигурениот градежен објект, истекување, самозапалување на залихи, истекување на вжарена течна растопена маса.

Осигурување од провална кражба и разбојништво

Со осигурување од провална кражба и разбојништво ќе ги заштитите вашите подвижни ствари од штетите поради кражба, оштетување или уништување во кражбата како и при обид за кражба.

Предмет на осигурување можат да бидат: подвижни предмети, опрема, мебел, залиха на стока, пари во каси и сеф и пари при пренос, хартии од вредност, други вредни предмети.

Осигурувањето од провална кражба и разбојништво ја покрива штетата направена на осигурените украдени предмети, уништени или оштетени при кражба, односно обидите за истата. Исто така се покрива и причинетата штета на градежните објекти настаната при провална кражба и разбојништво, како и при обид за кражба.

Горенаведеното претставува општо објаснување на производите. Конкретните покритија, услови и исклучоци зависат од условите на секоја осигурителна компанија засебно.

Заинтересиран/а за домаќинско?

Побарај понуда и добиј ги најдобрите цени од повеќе компании — бесплатно и без обврска.

Побарај понуда